понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 126
home Фудбал

Џака тешко повреден, го очекува долга пауза

Џака тешко повреден, го очекува долга пауза

Фудбалерот на Арсенал Гранит Џака поради повреда на коленото ќе паузира три месеци, соопштија од лондонскиот клуб на нивниот официјален сајт.

Швајцарецот се повреди во неделата на градското дерби против Тотенхем.

„Џака веќе почна да работи на програмата за заздравување и рехабилитација, а целта ни е играчот да се врати во акција за околу три месеци“, соопштија од Арсенал.

Идното коло „топчиите“ му гостуваат на Брајтон.

Коронавирус