сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 7
home Фудбал

Џака предизвика нов скандал, удри по швајцарскиот фудбалски сојуз: „Тој има проблематично размислување од камено време“

Џака предизвика нов скандал, удри по швајцарскиот фудбалски сојуз: „Тој има проблематично размислување од камено време“

Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Гранит Џака се огласи по бурата која се подигна поради неговото скандалозно однесување кога за време на мечот против Србија кога постигнатиот гол го славеше покажувајќи двоглав орел.

Мундијалот влезе во својата завршница, а во швајцарските медиуми и понатаму топ тема е однесувањето на албанските фудбалери за време на мечот против Србија.

Генералниот секретар на фудбалскиот сојуз на Швајцарија Алекс Мишер остро го критикуваше однесувањето на Џака и Шаќири и истакна дека тие се оптоварени со работи надвор од фудбалот.

На Џака не му се допадна изјавата на Мишер во едно интервју во кое вели дека на Швајцарија не и требаат играчи со двојно државјанство.

-Во неговата изјава видов дека тој едноставно не верува дека играчите со двојно државјанство можат на прав начин да настапат за Швајцарија. Изјавата директно се однесува на мене и на неколку останати фудбалери кои се во слична ситуација. Сето тоа ми личи како јас и моите соиграчи да не даваме се од себе за репрезентацијата. А сите ние сме Швајцарци и даваме се од себе за репрезентацијата бидејќи сме свесни што се ни овозможила истата. Корените на моето семејство се од Косово, во репрезентација има фудбалери со корени од Камерун, Нигерија, Чиле и Шпанија, дури и селекторот има двојно државјанство. Со оваа изјава Алекс Мишер предизвика горчина и разочарување, тој има проблематично размислување од камено време кон луѓето со двојно државјанство, заклучи Џака.

Коронавирус