сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 32
home Фудбал

Џака направи нов потег со кој уште повеќе се одалечи од Арсенал (ФОТО)

Џака направи нов потег со кој уште повеќе се одалечи од Арсенал (ФОТО)

Капитенот на Арсенал влезе во војна со навивачите на клубот која не само што не се смирува туку повеќе се продлабочува.

Последното од Гранит Џака е што ја променил профилната слика на својот инстаграм профил, потег кој говори многу за актуелната ситуација.

Имено, претходната профилна слика на Џака беше во дрес на Арсенал со капитенската лента, новата која ја стави е во дресот на Швајцарија.

Таквата промена, особено што се случи во овој момент, дополнително ги разочара фановите на Арсенал кои одамна имаа критики за нивниот капитен.

Претходно Емери побара Џака да им се извини на фановите за недоличното однесување на мечот со Кристал Палас, но фудбалерот одби да го направи тоа.

Да потсетиме, на мечот меѓу Арсенал и Кристал Палас, Џака беше исвиркан од фановите, тој не го прими тоа добро па почна да ги провоцира со гестикулации и пцовки, и директно се упати во тунелот соблекувајќи го дресот.

Коронавирус