среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Џака до навивачите на Арсенал : Ми се заканувавте дека ќе ми ги скршите нозете и ќе ми ја убиете жената

Џака до навивачите на Арсенал : Ми се заканувавте дека ќе ми ги скршите нозете и ќе ми ја убиете жената

Капитенот на Арсенал , Гранит Џака се огласи прв пат откако минатата недела ги провоцираше навивачите, ја фрли капитенската трака и си замина, откако беше заменет на натпреварот против Кристал Палас (2:2).

Навивачите на Арсенал се изнервираа од неговото бавно излегување од теренот во моментот кога Арсенал се обидуваше да победи, а откако ја фрли траката и го соблече дресот , беше исвиркан. Покрај тоа, тој беше остро критикуван од обожавателите на социјалните мрежи каде доби дури и смртни закани.

Неговата официјална објава ја пренесе  Арсенал на социјалните мрежи.

„Откако одвоив извесно време да ја оладам главата за да видам што се случи минатата недела, решив да ви објаснам што беше, наместо да објавувам краток одговор.

Она што се случи за време на мојата смена навистина ме погоди. Отсекогаш сум го сакал овој клуб и давав 100 проценти за него на и надвор од теренот. Страшно сум погоден од навредите на социјалните мрежи и чувството дека луѓето не разбираат низ што поминувам. Ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете и ќе ја убијат жена ми и сакаа мојата ќерка да има канцер. Ме натераа да се лутам, а последната капка се прели по реакцијата на публиката додека го напуштав теренот.

Целата ситуација ме понесе и со мојата реакција повредив дел од навивачите кои секогаш се со клубот и тимот и кои ме исполнуваат мене и соиграчите со позитивна енергија. Тоа не беше моја намера и за тоа се извинувам.

Се надевам дека сите ќе почнеме одново да се почитуваме. Се надевам дека ќе напредуваме во позитивна атмосфера.” , напиша Џака

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери,  запрашан од новинарите каква е состојбата со Џа, одговори дека не сака да одговори на тоа прашање. Англиските репортери ова го толкуваа како јасен знак на Швајцарецот со албанско потекло  да се повлече од составот и дека не се очекува Џака да игра дома против Вулверхемптон в сабота.