четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Две големи засилувања пристигнаа, една супер ѕвезда пред портите на Енфилд: Ливерпул подготвува „страшен“ тим за следната сезона

Две големи засилувања пристигнаа, една супер ѕвезда пред портите на Енфилд: Ливерпул подготвува „страшен“ тим за следната сезона

Уште пред веќе три години кога на клупата на Ливерпул пристигна Германецот Јирген Клоп, се знаеше дека клубот има амбициозен план за иднината. Од тим кој неколку сезони не ја виде Лигата на шампионите, а беше поблиску до средината на табелата отколку до првите четири, сега е клуб кој влева страв кај сите противници.

Тимот две години по ред се пласира во Лигата на шампионите, а оваа сезона стигна и до финалето на тоа натпреварување, каде беше поразен од Реал Мадрид, но кај сите тлее она што би било ако не беа грешките на голманот Кариус и доколку Рамос не го повредеше најдобриот играч на тимот, Мохамед Салах.

Но, напредокот кој тимот го бележи во последните две сезони под водство на Клоп очигледно го натераа раководството на клубот да му обезбеди тим кадарен за повторен напад на трофејот во Лигата на шампионите, но пред се за она што навивачите на Ливерпул сонуваат веќе скоро 30 години, а тоа трофејот од Премиер лигата.

После настапот во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, мислењето кај сите е дека за Лорис Кариус веќе нема место на голот на англискиот великан, а прва желба за негова замена на Клоп е Алисон Бекер, кој сигурно ќе чини повеќе од 50 милиони евра, но личи дека раководството на Ливерпул е решено да не штеди ова лето. Од клубот најверојатно ќе си замине и вториот голман Симон Мињоле, кој не е задоволен од својот статус, па Ливерпул догодина ќе има нова голманска двојка.

На десната бековска позиција тука ќе биде момчето кое оваа година покрај Салах забележа најголем напредок од сите играчи на Ливерпул и стана еден од најдобрите на светот на својата позиција, тоа е Трент Арнолд- Александер, негова замена би требало да биде Натаниел Клајн, кој цела оваа сезона мака мачеше со повредите, а до лани беше незаменлив во тимот на Клоп.

Централните бековски позиции ќе бидат покриени од Дејан Ловрен и Вирџил Ван Дајк, како нивни замени тука сигурни се младиот Џо Гомез и Џоел Матип. Левата бековска позиција е резервирана за фудбалерот кој беше прогласен за најдобар лев бек во Премиер лигата, Енди Робертсон, додека негова алтернатива би требало да биде Алберто Морено.

Во самата средина на теренот тимот на Ливерпул ќе има нови фудбалери, тоа се засилувањата од Монако и Лајпциг, Фабињо и Наби Кеита, тука Ливерпул има повеќе алтернативи како што се Џордан Хендерсон, Алекс Окслејд Чемберлејн, Адам Лалана, Џејмс Милнер.

На позицијата зад напаѓачите би требало да дојде големата желба на Јирген Клоп, капитенот на француски Лион, Набил Фекир, кој би требало да чини околу 70 милиони евра, што како тргнало раководството на Ливерпул не се некоја голема сума, со оглед на тоа досега се дадени повеќе од 50 милиони фунти за Кеита и 40 милиони за Фабињо, а се спремаат и 50 милиони евра за голманската позиција.

Нападот пак останува на незаменливата тројка, која зад себе има една навистина страшна сезона. Таму ќе биде најголемата ѕвезда на тимот Мохамед Салах, Бразилецот Роберто Фирмино и Садио Мане. За очекување е Ливерпул да се засили со некоја алтернатива за стартерите во нападот, бидејќи темпото кое се игра во Англија е навистина претешко за да падна на плеќите на само овие три играчи.

Очигледно е дека во Ливерпул се гради тим за исполнување на долгогодишната желба на сите фанови на овој клуб, кревањето на трофејот од Премиер лигата.

Коронавирус