петок, 4. декември 2020. Вести денес: 57
home Фудбал

Двајт Хауард очекува да биде примен во „Куќата на славните“

Двајт Хауард очекува да биде примен во „Куќата на славните“

Новиот центар на Вашингтон визардс, Двајт Хауард, очекува по завршувањето на кариерата да биде примен во кошаркарската „Куќа на славните“.

Тој во текот на неговата кариера настапуваше за Орландо меџик, Лос Анџелес лејкерс, Хјустон рокетс, Атланта хоукс‎ и Шарлот хорнетс‎.

– Мојата биографија говори сама за себе. Играв за неколку тимови, но мислам дека Вашингтон е моето последно одредиште. Не влегувам во разни листи и слични нешта, но знам што сум направил во текот на кариерата, а мислам дека бев прилично успешен, истакна 32-годишниот кошаркар.

Тој наведе дека е нормално во една кариера да има и паѓања и искачувања.

Хауард пет пати беше избран во првата петорка на НБА, осум пати настапи на Ол стар викендот и три пати беше избран за одбранбен играч на годината. Со Орландо играше во големото финале на НБА.

МИА

Коронавирус