сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Двајца фудбалери на Манчестер Сити се позитивни на коронавирус

Двајца фудбалери на Манчестер Сити се позитивни на коронавирус

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити денеска потврди дека Ајмерик Лапорт и Ријад Марез се позитивни на Ковид-19.

Двајцата фудбалери веднаш се сместени во изолација и ќе бидат под постојан надзор од докторите. Ниту Лапорт ниту Марез немаат никакви симптоми на Ковид-19. Од клубот им посакуваат брзо закрепнување, а ќе му се приклучат на тимот штом добијат два негативни теста во следниот период.

Коронавирус