понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Два пати го однесе Јувентус во финалето на ЛШ, а сега се подготвува да биде тренер на Марсеј

Два пати го однесе Јувентус во финалето на ЛШ, а сега се подготвува да биде тренер на Марсеј

Италијанецот Масимилијано Алегри може да стане новиот главен тренер на Марсеј. Според „Le10Sport“, спортскиот директор на францускиот клуб Пабло Лонгорија сака да го види поранешниот тренер на Јувентус и Милан на оваа позиција и веќе започнал преговори со фудбалскиот стручњак.

На 2 февруари, Марсеј објави за оставката на Андре Вилаш-Боаш.

Во моментов, Марсеј се наоѓа на 9. место во поредокот на Ла Лига, откако ги загуби последните четири натпревари.

Педесет и тригодишниот Алегри работеше во Милан и Јувентус, со нив освои 6 италијански шампионати (1 во Милано и 5 по ред во Јувентус). Тој двапати го однесе Јуве во финалето на Лигата на шампионите, но не успеа да го освои трофејот. Алегри беше прогласен за најдобар тренер на Италија четири пати. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија