четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 18
home Фудбал

Два гола и асистенција – Несторовски му пресуди на Карпи (ВИДЕО)

Два гола и асистенција – Несторовски му пресуди на Карпи (ВИДЕО)

Уште еден македонскиот напаѓач, од италијанското Калчо, потврди дека е во одлична форма.

Илија Несторовски беше стрелец на два гола, а асистираше и при постигнувањето на првиот, во мечот од Серија Б, во кој неговиот тим Палермо со 4-1 го победи Карпи.

Несторовски ги постигна вториот и четвртиот погодок за својот тим, а при постигнувањето на третиот, асистент беше Александар Трајковски

Ова е добра вест и за македонскиот селектор Игор Ангеловски, пред стартот на циклусот квалификации за ЕП 2020 година и дуелите против Летонија во Скопје на 21  март, односно гостувањето кај Словенија три дена подоцна (24 март, „Стожице“).