вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Фудбал

Дресот на Нигерија распродаден за 15 минути

Дресот на Нигерија распродаден за 15 минути

Дресот што ќе го носи фудбалската репрезентација на Нигерија на Светското првенство во Русија беше распродаден за 15 минути.

Раководството на една од најголемите светски спортски компании „Најк“ беше изненадено, бидејќи од моментот на пуштање во продажба на националниот дрес на Нигерија, истиот за 15-тина минути не можеше да се најде во слободна продажба, ниту на официјалниот сајт на компанијата.

За нигериските дресови постоеше голем интерес меѓу љубителите на фудбалот и колекционерите на ретки дресови уште пред тие да бидат пуштени во официјална продажба.

Нигерија на Мундијалот во Русија се натпреварува во група со Аргентина, Исланд и Хрватска.

Навивачите на Нигерија, но и бројните симпатизери низ светот кои го прифаќаат нигерискиот тим како свој, сега може само да се надеваат дека Нигеријците ќе се изборат за пласман во осминафиналето. Односно доколку Нигерија стигне до нокаут фазата, нивните интересни дресови повторно ќе се најдат во продавниците на „Најк“. (МИА)