понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 81
home Фудбал

Дресот на Астори повлечен од употреба

Дресот на Астори повлечен од употреба

Калчолигашите Каљари и Фиорентина ќе го повлечат од употреба дресот со број 13 во спомен на одбранбениот фудбалер Давиде Астори кој почина ноќта сабота кон недела.

31-годишниот фудбалер почина во хотелската соба во Удина каде Фиорентина требаше да му гостува на Удинезе.

Пред да игра за Фиорентина, Астори настапуваше за Каљари од 2008 година, а потоа замина во Рома во 2015 година.

Истражните органи во Италија почнаа истрага за смртта на Астори, а резултатите од неговата обдукција се уште не се објавени.

Коронавирус