петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Драстичен скок на расизмот во англискиот фудбал

Драстичен скок на расизмот во англискиот фудбал

Седма година по ред, случаите на дискриминација во англискиот фудбал се зголемиле, според извештајот на „Kick It Out“.

Инцидентите за сезоната 2018-1942 година се 422, со годишно зголемување од 32 отсто. Најчести се случаите на расизам. Тие се 274, со зголемување од 43 отсто. Истражувањето вклучува навреди не само на стадионот, туку и на социјалните мрежи.

Распространетоста на расната дискриминација, која вклучува исламофобија и антисемитизам, исто така е драстично зголемена. Овие случаи се 63, а зголемувањето во споредба со претходниот период на известување е 75 отсто. Сексистичките инциденти, исто така, покажуваат зголемување од 61 до 68 отсто, а дискриминацијата по инвалидност се намалува од 15 на 9.

– Фудбалот го одразува општеството, кое го игра и го гледа, а за жал податоците не се изненадувачки. Фактот дека расизмот се зголемува за 43 отсто јасно ја покажува големата работа, што секој во фудбалот треба да ја заврши. Во 2019 година треба да се запрашаме што можеме да правиме подобро и што не функционира, изјави Ројсон Вуд, директор на „Kick It Out“.

Минатата сезона, расизмот од навивачите кон играчите се зголемил. Играчите на Манчестер Сити и Арсенал, Рахим Стерлинг и Пјер-Емерик Обамејанг беа во центарот на навредите, откако кора од банана беше фрлена кон репрезентативецот на Габон во натпреварот со Челзи.

Голем дел од фановите поддржаа мерки за справување со расизмот. Во истражувањето на „Kick It Out“, во кое учествувале 27.000 обожаватели од 38 земји, 60 отсто од испитаниците ја поддржуваат казната со одземање на поени на тимот. Повеќе од половина пак велат дека биле сведоци на расистички инциденти.

МИА

Коронавирус