понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 73
home Фудбал

Драмата од Мадрид не е завршена: УЕФА почнува прогон на Буфон во Италија, сакаат да му ги загорчат последните мигови од кариерата

УЕФА не се помирува лесно со етикетата негативец која ја заработи поради судењето на Мајкл Оливер и емотивниот испад на Џанлуиџи Буфон, кој не бираше зборови.
Драмата од Мадрид не е завршена: УЕФА почнува прогон на Буфон во Италија, сакаат да му ги загорчат последните мигови од кариерата

Не е уште готово, драмата од Мадрид не е завршена со оној контроверзен пенал, со исклучувањето на Џиџи Буфон и голот на Кристијано Роналдо. Сепак бурниот финиш во Мадрид најверојатно не крајот.

Имено, УЕФА не се помирува лесно со етикетата негативец која ја заработи поради судењето на Мајкл Оливер и емотивниот испад на Џанлуиџи Буфон, кој не бираше зборови. Газета дело Спорт јавува дека УЕФА размислува како да го казни Буфон поради однесувањето на натпреварот, но и после кога даваше изјава и жестоко го нападна судијата Мајкл Оливер.

Бидејќи Буфон најави заминување во пензија, јасно е дека УЕФА не може да го казни со суспензија во европските купови или репрезентативните натпревари. Но дисциплинските лица од УЕФА размислуваат казната да му ја пренесат во домашните натпреварувања во Италија и да го суспендираат Џиџи одреден временски период. Можеби и до крајот на сезоната, во зависност од тоа што Оливер напишал во записникот, УЕФА би можела да започне прогон на Буфон во Италија и да инсистира тамошните органи да го казнат легендарниот голман во Серија А, а можеби и во финалето на Купот на Италија.

Теоретски тоа е возможно. Но, во пракса такви работи не се случувале често. Прашање е дали Италијанците ќе попуштат под притисокот, па нивната фудбалска икона да ја казнат по диктат од Нион. Иако Јувентус е и најомразен и најсакан клуб во Италија, Буфон има статус на митски играч и кај противничките навивачи, па на Чизмата веројатно би се створил единствен фронт на отпор кон УЕФА, која не е на добар глас во Италија.

Што и да направи УЕФА, тешко дека успее да ја испере дамката и срамот од себе, која и беше нанесена од Мајкл Оливер. А ловот по легенда како Буфон, додатно европската куќа на фудбалот ќе ја направи само грда бирократија на која не и е најмногу до фудбал.