четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Драган Стојковиќ Пикси промовиран во селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси промовиран во селектор на Србија

Легендата на југословенскиот фудбал Драган Стојковиќ Пикси од денеска и официјално е новиот селектор на фудбалската селекција на Србија.

Стојковиќ со одлука на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија е назначен за слектор на А тимот.

Популарниот Пикси на својот 56 роденден седнува на селекторската фотеља на Србија.

-Не постои поголема чест отколку да се биде селектор на својата земја, изјавил Пикси при преземањето на фукцијата.

ФСС и Стојковиќ потпишале договор во траење од 3 години, односно до крајот на квалификациите за Европското прветсво во 2024 година. Неофицијално Пикси како селектор на Србија ќе има годишна плата од 1,2 милиони евра.

Драган Стојковиќ Пикси инаку неколку години работи како тренер во Јапонија и Кина, неговиот последен ангажман беше во кинескиот Гвангжу.

Коронавирус