сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Досега строго чувани тајни: Моџи проговори за Калчополи и зошто Интер морал да биде исфрлен од Серија А

Досега строго чувани тајни: Моџи проговори за Калчополи и зошто Интер морал да биде исфрлен од Серија А

Лучијано Моџи важи за еден од најтемните фудбалски ликови, главен во аферата која пред 12 години го потресе италијанскиот фудбал, аферата Калчополи, во која што најголемиот и најтрофеен италијански фудбалски клуб Јувентус беше исфрлен во Серија Б.

Поради тоа тој беше доживотно суспендиран од занимавање со фудбал и заработи затворска казна, но тој и понатаму тврди дека е невин, за некои тоа е вистина, за некои пак не. Но, било што било, секој негов збор за оваа афера ја разбранува јавноста, а истото се случи и сега, кога повторно Моџи повторно прозбори и откри нови тајни за Калчополи.

-Луѓето може да зборуваат што сакаат, но јас секогаш бев тој кој работеше многу и каде и да работев градев сам здрав буџет за клубот, купував ситно и продавав за многу пари. Дене с единствена цел во живото ми е луѓето да ми кажат БРАВО. Знаете, кога бев во Јувентус живеев така што секогаш морав да се чувам од другите. Имав очи и напред и назад. Во тоа време Адријано Галијани преку првиот човек на федерацијата и челниците на лигата правеше се во корист на Милан, додека Џакинто Факети лобираше за Интер. Галијани  и Караро(Франко, претседател на Милан од 1967 до 1971 година и долгогодишен висок функционер во италијанскиот фудбал) се црни, погани души, во тоа немам сомнеж, раскажува Моџи и продолжува:

-Јас разговарав со судиите, тоа е вистина. Но, во тоа време тоа беше дозволено и никој не може да каже дека сум ги прашувал судиите да победиме во некој натпревар. Секогаш прашував само за судиите. Проблемот настана кога е откриено дека во Јувентус работи лоби кое сака да не тргне. Дури и семејството Ањели се плашеше дека Антонио Џираудо (спортскиот директор на клубот од 1994 до 2006 година), инаку потрчко на Умберто Ањели, дека би можел да ја преземе целата моќ во клубот.

Потоа Моџи се осврна на познатата приказна за судијата Џанлука Папареста и швајцарските картички за мобилни телефони.

-Папареста беше заклучен во соблекувална? Глупости! Каква корист би имал од тоа стварно да го заклучам и фрлам клучевите? Беше тоа шега и поради таа шефа ме издадоа… Картиците за телефон ги купував како би се заштитил себе и својата работа, вели Моџи, а потоа откри и досега непознат детаљ, како Интер му ја расипал работата со купувањето на Дејан Станковиќ.

-Јас сакав да го доведам Станковиќ во Јувентус, но луѓето од Интер со помош на Телеком успеаја да ја прекинат врската. После истражителите ми кажаа дека врските не можеле да бидат прекинати, но не беше така.

Тој потоа продолжи со обвинувањата на сметка на Интер.

-Пред Калчополи Морати ме сакаше во Интер, кога ја завршив работата со Јувентус. Потпишав договор, но пота наредниот ден сфатив дека не е така. Дали Јулијано направи пенал над Роналдо во 1998 година? Веројатно да. Но, Интер тогаш не смееше да биде во Серија. Требаше да биде исфрлен поради скандалот со пасошот на Алваро Рекоба.

Моџи кажа и уште неколку работи.

-Луѓето секогаш ќе го мразат Јувентус. Бидете сигурни, нема да има втор Калчополи. Сега веќе нема Телеком, Тронкети, Монтечемоло, а веќе го нема ниту Сеп Блатер, кој јавно му се заблагодари на Мончемоло што ја повлече жалбата за пресудата на Јувентус.

Коронавирус