петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Досега невидена судиска грешка: Поништен гол поради офсајд од КОРНЕР (ВИДЕО)

Досега невидена судиска грешка: Поништен гол поради офсајд од КОРНЕР (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски стратег, Влатко Андоновски, синоќа со победа дебитираше на официјален натпревар на селекторската функција на женската репрезентација на САД. Светскиот првак во рамки од првото коло од Олимписките квалификации пред својата публика со убедливи 4-0 ја совлада селекцијата на Хаити, но овој дуел го одбележа и една катастрофална грешка на судиската тројка.

Имено, при резултат од 1-0 за Соединетите Американски Држави, Хаити изведе корнер и  успеа да го израмни резултатот, но линискиот судија го подигна знаменцето и голот беше поништен заради офсајд ситуација. Дефинитивно, арбитрите ќе треба да одат на нова обука затоа што е невозможно еден фудбалер да биде во офсајд кога неговата екипа изведува корнер.

Премиерната победа на Андоновски им ја донесоа Прес со гол во првиот дел, додека во вториот стрелаа Вилијамс, Норен и Лојд.

Извор: ГОЛ.МК