сабота, 15. јуни 2019. Вести денес: 83
home Фудбал

Дончиќ: Се уште не знам дали ќе одам во НБА

Дончиќ: Се уште не знам дали ќе одам во НБА

Еден од најголемите таленти на европската кошарка, словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ изјави дека се уште не донел одлука дали ќе се појави на НБА Драфтот оваа година и дали ќе заигра во најсилната лига во светот.

– Не сум сигурен дека овие два натпреварa (на Ф4 турнирот на Евролигата) се моите последни во европската клупска кошарка. Претстои да ја донесам таа одлука. Веројатно тоа ќе се случи по завршувањето на сезоната, истакна младиот кошаркар.

Неговиот Реал Мадрид денеска игра полуфинале против ЦСКА од 21 час, а од 18 часот започнува мечот Фенербахче – Жагирис.