понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Донарума заминува, Милан најде замена за него

Донарума заминува, Милан најде замена за него

Голманот на Милан и  италијански репрезентативец Џанлуиџи Донарума конечно се наближува кон својот крај.

Голманот на Милан ќе стане слободен агент кон крајот на оваа сезона, а челниците на Милан се обидуваа повеќе пати да ја продолжат соработката, но понудата со минимално зголемување на платата е одбиена.

Донарума во моментов заработува околу шест милиони евра на годишно ниво, „Росонерите“ му понудија дополнителни 500.000 до 1 милион евра на годишно ниво, но Раиола тоа категорично го одбил. Се чини дека Милан добро ја сфатил ситуацијата, а според пишувањата на француските и италијанските медиуми, клубот веќе има нов голман во своите планови.

Милан договорил петгодишна соработка со голманот на Лил Мајк Мањан. Цената на Французинот се проценува на 25 милиони евра, а останува да се види како ќе напредуваат преговорите меѓу двата клуба.

 

ЕУРО 2020

Македонија