четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Донарума на медицински прегледи пред трансферот во ПСЖ

Донарума на медицински прегледи пред трансферот во ПСЖ

Репрезентативниот голман на Италија, Џанлуиџи Донарума, в понеделник во Фиренца ќе изврши медицински прегледи пред најавениот трансфер во францускиот прволигаш ПСЖ, јавија италијанските медиуми.

Ден претходно, Италија, која веќе обезбеди пласман во осминафиналето на ЕУРО2020, ќе игра против Велс во последното коло од групата А.

Донарума до 30 јуни има важечки договор со италијанскиот прволигаш Милан, клубот во кој ја почна кариерата и дебитираше во првиот тим со само 16 години.

Многубројните обиди на Милан за продолжување на соработката не вродија со плод и 22-годишниот Донарума заминува како слободен играч без обесштетување.

Коронавирус