вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 206
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

home Фудбал

Донарума доби привремена тетоважа од Милан на својата рака: Свирежите ме погодија (Фото)

Донарума доби привремена тетоважа од Милан на својата рака: Свирежите ме погодија (Фото)

Познатото сатирично шоу „Хиени“ во безброј наврати режирало урнебесни ситуации со големи фудбалски имиња, но во обид да се дојде до примирје меѓу Џанлуиџи Донарума и фановите на Милан, актерите на ова популарно италијанско шоу решија да му посветат епизода на голманот на националниот тим.

Донарума беше жртва на жестоки свирежи на натпреварот против Шпанија во Лигата на нации и доживеа спортско понижување на „Сан Сиро“, стадион кој до пред неколку месеци беше негов дом.

Тифозите на Милан не му го простија заминувањето во ПСЖ од кое клубот не заработи ниту едно евро (си отиде како слободен агент), а во емисијата која ќе се емитува вечерва, Донарума ќе има објаснување за тоа како ги доживеал тешките моменти.

Сепак, италијанските медиуми направија своја најава за вечерашната емисија и открија дека во истата од Донарума ќе истетовира привремена тетоважа од Милан, за која дополнително ќе размисли дали ќе ја направи трајна при враќањето во Париз.

– Се разочарав од свирежите бидејќи минав осум години во Милан. Враќањето на „Сан Сиро“ буди посебни емоции кај мене и свирежите ме болеа. Пораснав на „Сан Сиро“ и секогаш ќе бидам миланез. Моето срце секогаш ќе биде росонерско, – порачува Донарума во емисијата која ексклузивно ќе се емитува вечерва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Le Iene (@redazioneiene)

Локални избори 2021