вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Доказ во каква состојба е Барселона: Големата ѕвезда поради 20 милиони евра смееше да одигра само 45 минути

Доказ во каква состојба е Барселона: Големата ѕвезда поради 20 милиони евра смееше да одигра само 45 минути

Реал Мадрид на Камп Ноу пред 86.422 гледачи ја победи Барселона со 1:2 и со таа победа го презеде врвот на табелата во Ла Лига.

Од 46-тата минута за Барселона заигра Фелипе Кутињо, кој влезе во игра место Оскар Мингуеза.

Имено, при трансферот на Кутињо во Барселона во 2018-та година, вреден 150 милиони евра, беше договорено Барселона да му исплати на Ливерпул 20 милиони евра кога ќе го одигра стотиот меч за Каталонците.

Меѓутоа, во Барселона пронајдоа начин дека тоа вреди само ако Кутињо одигра повеќе од 45 минути по натпревар.

Кутињо против Реал одигра точно 45 минути, а тоа му беше 99-ти натпревар за Барселона. Оваа сезона Бразилецот три пати беше стартер.

Барселона е во финансиска криза и никако не би и дошло добро трошок од 20 милиони евра.

Коронавирус