сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Дојде во Реал да си го исполни сонот, но наместо тоа помина низ кошмар

Дојде во Реал да си го исполни сонот, но наместо тоа помина низ кошмар

Брахим Диаз во јануари оваа година пристигна од Манчестер Сити во Реал Мадрид.

Младиот 20 годишен Шпанец во трансфер вреден 17 милиони евра ги напушти „граѓаните“ за да добие поголема минутажа, но се покажа дека не направил баш најдобар потег.

Поранешниот тренер Сантијаго Солари за време на својот престој на клупата на „кралевите“ му даде само 24 минути на теренот. Кога Зидан дојде доби шанса на четири од пет натпревари на Реал во Ла Лига, но тогаш следуваше нова лоша вест за Диаз.

Диаз го повреди мускулот поради што беше 20 дена надвор од теренот и поради тоа го пропушти и Европското првенство за играчи до 21 година.

Потоа Диаз се опорави од повредата и отпатува со Реал на припремите, но следуваше нова повреда поради која ги припушти седумте припремни натпревари.

Сега се врати на тренинзите, меѓутоа го пропушти првиот натпревар на Реал во наредната сезона и дојде до бројката од вкупни 94 дена од кога последен пат настапил.

Извор: СПОРТСКИ.МК