сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Дојде до финансиски несогласувања: Неизвесен трансферот на Гризман во Барсeлона

Дојде до финансиски несогласувања: Неизвесен трансферот на Гризман во Барсeлона

Постои можност за блокирање на трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона поради финансиски несогласувања.

Ова денеска го изјави претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас потврдувајќи ја жалбената постапка поведена од страна на Атлетико.

-Можно е да се блокира трансферот на играчите.  Атлетико поднесе жалба и не стави во дилема дали треба да ја проследиме лиценцата на Гризман до Барселона. Процесот веќе е покренат и тие кои се надлежни ќе морат да го решат случајот, изјави Тевас.

Гризман дојде во Барселона на 1 јули кога износот на неговата клаузула падна од 200 на 120 милиони евра. Сепак, Атлетико тврди дека договорот е склучен пред 1 јули, така што според нив, Каталонците треба да ја исплатат целата сум од 200 милиони евра.

Коронавирус