сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Договорено: Чави се согласи да се врати во Барселона

Договорено: Чави се согласи да се врати во Барселона

По разговорите со претседателот на Барселона, Жоан Лапорт, Чави Ернандез прифатил да стане тренер на тој клуб, пренесува добро информираниот новинар на „Sky Sport“, Фабрицио Романо.

Барселона прво ќе објави нов привремен тренер. Речиси сигурно ќе биде актуелниот тренер на нивниот „Б“ тим Серхи Барахун, а потоа по ноемвриската репрезентативна пауза тимот ќе го преземе Чави.

Легендарниот фудбалер сега ги договара последните детали околу раскинувањето на соработката со неговиот сегашен клуб Ал Сад, каде пред две години почна да работи како тренер.

Се претпоставува дека катарскиот клуб ќе бара отштета од околу 1.000.000 евра, што не би требало да биде проблем за Барселона.

Се очекува Лапорта да ја прогласи за официјална соработката до крајот на денот. Да потсетиме, каталонскиот клуб синоќа му врачи отказ на Роналдо Куман по поразот од Рајо Ваљекано.

Чави, кој сега има 41 година, дојде во системот на Барселона на 11 години и речиси целата играчка кариера ја помина во својот матичен клуб, до 2015 година, кога се пресели во Ал Сад.

Со Барса осум пати беше шампион на Шпанија и четири пати шампион на Европа, со три трофеи во Купот на кралот. Со Шпанија е светски првак и двократен европски првак.

Коронавирус