петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Дочек поради кој натпреварот едноставно не може да се загуби (ВИДЕО)

Дочек поради кој натпреварот едноставно не може да се загуби (ВИДЕО)

Милан е дефинитивно најдобриот италијански тим во 2020 година.

„Росонерите“ играат навистина феноменален фудбал во овие тешки моменти и влегуваат во новата година како првопласиран тим на табелата со 34 бода, еден повеќе од градскиот ривал Интер, но се дури 10 бода пред актуелниот шампион Јувентус.

Милан синоќа стигна до нов триумф на дуелот против Лацио. Домашниот тим славеше со 3:2 погодок на Тео Хернандез во продолжението, но едноставно не е изненадување начинот на игра на играчите на овој клуб.

Тие имаат голема поддршка од навивачите. Иако сè уште ги нема на трибините, навивачите на црвено-црните од Милано одлучија да ги пречекаат играчите пред мечот со Лацио.

Автобусот помина покрај верни навивачи кои срдечно ги пречекаа, па не е ни чудо што фудбалерите на Милан даваат се од себе на теренот.

Извор: Спортм.мк

Коронавирус