Фудбал

Добри вести за Ливерпул, Александер Арнолд не е потешко повреден

Добри вести за сите навивачи на Ливерпул и за тренерот Арне Слот. Во тимот се враќа одличниот Трент Александер Арнолд, кој ќе биде на располагање и за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Офанзивниот бек се повреди на премиерлигашкиот дуел против Саутемптон, но прегледите покажале дека не е ништо посериозно, но останува непознато дали ќе стартува на мечот против „кралевите“ или ќе започне од клупата за резерви.

Ливерпул е во одлична позиција и „гази“ во сите конкуренции, па тестот против Реал Мадрид на „Енфилд“ ќе биде уште една убава проверка за можностите на тимот. Натпреварот ќе се одигра на 27 ноември во 21:00 часот.

To top