недела, 26. септември 2021. Вести денес: 29
home Фудбал

Добар план: ПСЖ го продава Мбапе, а доаѓаат Роналдо, Погба и Кулибали

Добар план: ПСЖ го продава Мбапе, а доаѓаат Роналдо, Погба и Кулибали

Францускиот гигант Пари Сен Жермен доведе звучни имиња ова лето, но тоа ниту од далеку не е крај на преодниот рок за „светците“. Допрва следат турбуленциите. Првата ѕвезда Килијан Мбапе треба да се појави деновиве на тренинг, но и да се изјасни околу новиот договор што му го понуди клубот. Доколку рече „не“, тогаш многу веројатно е дека ќе оди на продажба и дека ПСЖ ќе му намигне на Флорентино Перез за реализација на трансферот на летото.

Но, ПСЖ се чини и дека нема да биде многу ослабен. Спортскиот директор Леонардо веќе има испланирано што ќе прави со тие 180 милиони од трансферот на Мбапе.

Првиот чекор ќе биде ангажман на Кристијано Роналдо. Тој е „достапен“ за 25 милиони евра, иако многу поголема ставка е неговата годишна плата.

Леонардо сака да го купи и Пол Погба од Манчестер Јунајтед и за него ќе потроши околу 60 милиони евра, а последната желба на Маурисио Покетино е дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. За него „светците“ се подготвени да платат 70 милиони евра.

Коронавирус