четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Фудбал

Доаѓа наследникот: Погледнете какво чудо од дете е синот на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

Доаѓа наследникот: Погледнете какво чудо од дете е синот на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо од јуни стана нов играч на гигантот Јувентус од Торино, Италија.

Роналдо во Торино ја донесе целата своја фамилија, а неговиот син стана дел од академијата на Јувентус.

Тој почнал да тренира со генерацијата 2010-та, во која не е единственото дете на фудбалер на Јувентус.

Покрај синот на Роналдо во оваа генерација тренираат и Матиа Барзаљи и Давиде Маркизио, но тој наскоро ќе си замине заедно со неговиот татко.

Меѓутоа, иако Кристијано е играч за кој сите зборуваат и пишуваат, и неговиот син добива големо медиумско внимание. Кристијано Роналдо Џуниор тргнал по стапките на својот татко, а судејќи според досегашните видеа, тој најверојатно ќе стане одличен играч кога ќе порасне.

Иако се уште е мал, Џуниор знае неверојатно да ја контролира топката, има силен шут и поседува брзина, што значи дека ја има генетиката на својот татко кој за десетина години гордо ќе го замени на фудбалските терени.

Роналдо често споделува видео клипови од својот син со своите обожаватели кои покажуваат колку Кристијано Роналдо Џуниор е “опасен” и колку ќе биде добар фудбалер кога ќе порасне.

Погледнете го видеото и уверете се во вештините на младиот Џуниор: