понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ДИВЈАЧКИ ГО НАПАДНА ТРЕНЕРОТ: Фудбалер не можеше да се помири што е изваден од игра, реагираа специјалците (ВИДЕО)

ДИВЈАЧКИ ГО НАПАДНА ТРЕНЕРОТ: Фудбалер не можеше да се помири што е изваден од игра, реагираа специјалците (ВИДЕО)

Често играчите знаат да бидат незадоволни кога тренерите ќе ги заменат но еден од нив во Боливија сепак претера. Откако го извади од игра, Бразилецот Тиаго дос Сантош физички го нападна својот тренер…

Несекојдневна сцена ни доаѓа од боливиската лига. Во текот на натпреварот меѓу Национал и Спорт Бојс, тренерот на Национал, Едгар Малвестити одлучи да го извади Тиаго дос Сантош уште во 34 минута. Но, таа измена не ја поднесе баш најдобро играчот од средниот ред.

При излегувањето од игра, Дос Сантош прво вербално го нападна својот тренер, а потоа и физички тргна кон него. Колку беше незадоволен со раното излегување од игра, говори и фактот што откако не можеше да се смири, реагираа и специјалците кои го извадија од теренот.

Национал на натпреварот изгуби со 4:0, а којзнае, можеби Дос Сантош сега како тргнал, ќе ги нападне и соиграчите поради високиот пораз.

Коронавирус