Романија утре гостува во Скопје, на арената „Тодор Проески“ македонската А-репрезентација бара шанса за победа во септемвриските мундијалски квалификации.
Стандардниот голман на Македонија, Столе Димитриевски очекува тежок и неизвесен натпревар, се надева дека трите бода ќе останат во Скопје.
-Тимски играме добро, ќе дадеме се од себе, се надевам на добар резултат. Имаме одлични одиграни минути на првите два натпревари, имав јас идндивидуална грешка од моја страна, анализираме се како се случи на првите два натпревари, работиме да се поправиме, работиме да ги остраниме сите наши грешки, изјави Димитриевски.
Дуелот Македонија – Романија се игра утре од 20-45 часот.