четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 37
home Фудбал

Димитриевски: Сонот за Европско го исполнивме, не мислиме да застанеме тука

Димитриевски: Сонот за Европско го исполнивме, не мислиме да застанеме тука

Репрезентативниот голман, Столе Димитриевски денеска изјави дека селекцијата не чувствува притисок за настапот на Европското фудбалско првенство.

Тој посочи дека се обидуваат да гледат позитивно на првиот натпревар кој во недела ќе го играат против Австрија и тоа да биде нивна дополнителна мотивација.

-Австрија има исклучително квалитетен состав и веројатно очекувањата се најголеми од Алаба и Арнаутовиќ. Нашата одбрана и голманот мора да биде на високо ниво, тоа го работиме на тренинзите и се надевам дека ќе го исполниме на натпреварот. Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде. Нашата цел е пласман во следната фаза, а првиот чекор за тоа е добар резултат против Австрија, вели Димитриевски.

Тој посочува дека добро ги анализирале, но нагласува и дека ова е сосема поинаков меч од двата претходно и се надева дека ќе бидеме на високо ниво.

ЕУРО 2020

Македонија