понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 25
home Фудбал

Димитриевски: Барса игра без страст, им недостасува Меси

Димитриевски: Барса игра без страст, им недостасува Меси

Македонскиот репрезентативец голман, Столе Димитриевски беше херој во победата на Рајо Валекано над Барселона.

Димитриевски успеа да му одбрани пенал на Мемфис Депај во 72-та минута и одигра клучна улога во победата на Валекано, која се покажа како кобна за тренерот Роналд Куман.

После мечот Димитриевски истакна дека Барселона не е на поранешното ниво и игра без страст и радост.

„Јасно е дека Барселона не играше на своето најдобро ниво, но она што е најважно е што ние одигравме одличен меч и што победивме. Она што веднаш падна во очи е колку фудалерите на Барса на теренот беа без радост, без страст за играта. Веднаш се гледа колку многу недостига играч како Лео Меси во оваа екипа“, изјави Димитриевски.

Коронавирус