сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала призна во кој клуб би сакал да игра и ги загрижи челниците на Јувентус

Дибала призна во кој клуб би сакал да игра и ги загрижи челниците на Јувентус

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала е мета на шпекулации во секој трансфер период, и така е и овој пат.

Дибала е член на Јувентус веќе пет години, во кој пристигна од Палермо, а соработува со Старата дама уште две години. Наводно, Јуве сака да започне преговори за нов договор, но се чини дека Аргентинецот сè уште не е заинтересиран за тоа.

Аргентинецот даде интервју за ЕСПН пред неколку дена и призна дека не му пречи да игра во дресот на Барселона еден ден, што ги загрижи челниците на Јувентус.

“Точно е дека Барселона е еден од најголемите клубови во светот и со Меси тие се уште поголеми. Би било убаво да се игра со него во Барселона, но Јувентус е исто така голем клуб со огромна историја. Јас играм и со големи sвезди овде и среќен сум.” рече Дибала.

Тој рече дека преговорите за нов договор сè уште не започнале, иако Јувентус тоа го посакува. Но, како што рече, целта е клубот да ја преброди финансиската криза.

“По сите овие настани, јасно е дека клубот е во мала финансиска криза. Јас имам уште две години договор и не брзам никаде. Прво сакам клубот да ги реши овие поголеми проблеми, а потоа ќе разговараме за мојот договор”, додаде Аргентинецот.

Коронавирус