петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала останува на клупата во клучниот натпревар за сезоната

Дибала останува на клупата во клучниот натпревар за сезоната

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, не е задоволен од формата на Пауло Дибала и најверојатно ќе го остави на клупата за натпреварот против Наполи, кој може да биде решавачки за титулата во Калчото. Јуве има водство од 4 поени пред тимот на Маурицио Сари, кој во недела ќе гостува во Торино.

Миралем Пјаниќ, Марио Манџукиќ и Стефано Стураро се под знак прашалник за големото дерби поради повредите, но ситуацијата со Дибала е поинаква. Тој се претставува променливо во последно време, а во негово отсуство, „бјанконерите“ направија одиграа натпревар против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и беа на работ да го елиминираат европскиот клубски шампион.

Според „Скај Спорт Италија“, Алегри ќе се потпре во стартните 11 на Манџукиќ, ако биде фит.

Даглас Коста, исто така, ќе биде стартер, а нападот ќе го води Гонзало Игуаин.

Изненадувања се очекува и во Наполи.

На клупата би можел се најде Дрис Мертенс, кој е најдобар стрелец на тимот, на сметка на Аркадиуш Милик.

Коронавирус