недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала му објаснил на Роналдо зошто го мразат во Аргентина

Дибала му објаснил на Роналдо зошто го мразат во Аргентина

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала порача дека сега се чувствува добро откако пред две недели беше потврдено дека е заразен со коронавирусот.

Дибала беше третиот играч на Јувентус заразен со Ковид-19, позитивни на тестирањето беа тој и неговата девојка. Двајцата веќе две недели се во изолација и она што е најважно добро се чувствуваат.

„Многу кашлав и бев уморен. Навечер кога ќе легнев ме тресеше грозница. Се обидов да останам смирен и ги следев пораките од докторите. Сега се чувствувам многу подобро и симптомите скоро и да поминаа“.

Објасни и зошто неговиот соиграч Роналдо го мразат голем број Аргентинци.

„Разговарав повеќе пати со него на различни теми. Еднаш му кажав – Кристиано ние во Аргентина те мразиме малку поради начинот на кој играч, одиш, се однесуваш…За Аргентинците Меси е број е еден и јасно му беше зошто не е баш драг во мојата земја“, изјави Дибала.

Коронавирус