понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 56
home Фудбал

Дибала ќе го пропушти натпреварот со Милан поради дисквалификација

Дибала ќе го пропушти натпреварот со Милан поради дисквалификација

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, нема да игра во натпреварот од 31. коло од италијанскиот шампионат против Милан, поради дисквалификација. Напаѓачот ќе го пропушти следниот натпревар поради акумулирање на жолти картони.

Фудбалерот доби жолт картон на денешниот натпревар од 30-то коло од Серија А против Торино. На овој меч Дибала постигна гол, а Јувентус победи со 3:1.

Дваесет и шестгодишниот играч има одиграно 40 натпревари оваа сезона за „старата дама“ и постигна 13 голови со 13 асистенции.

Исто така поради жолти картони, дефанзивецот на торинскиот клуб Матијас де Лихт ќе ја пропушти средбата со Милан.

Коронавирус