петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 146
home Фудбал

Ди Марија се поблиску до трансфер во Јувентус

Ди Марија се поблиску до трансфер во Јувентус

Аргентинскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Анхел Ди Марија, е на чекор до трансфер во калчолигашот Јувентус, јавија денеска италијанските медиуми.

Договорот на Ди Марија со францускиот прволигаш истекува на крајот на оваа сезона и се очекува аргентинскиот играч за врска да го напушти клубот по седум години минати во Париз.

Ди Марија веќе подолго време се поврзува со трансфер во Јувентус, а според италијанските медиуми, двете страни се пред реализација на договорот за соработка.

Аргентинскиот фудбалер би требало да потпише едногодишен договор, со опција за уште една година, и плата од седум милиони евра.

Ди Марија дојде во ПСЖ од Манчестер јунајтед во 2015 година и со парискиот гигант освои пет шампионски титули во француското првенство.

Коронавирус