четврток, 22. април 2021. Вести денес: 120
home Фудбал

Ди Марија и Нејмар не се во комбинација за натпреварот со Барселона

Ди Марија и Нејмар не се во комбинација за натпреварот со Барселона

Ди Марија и Нејмар не се најдоа на списокот на фудбалери на ПСЖ за натпреварот против Барселона.

Прес-службата на парискиот клуб на Твитер ги објави имињата на играчите за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона.

Нејмар и Анхел Ди Марија отпаднаа од комбинација поради повреди.

Но, на списокот на играчи кои отпатуваа за Шпанија се најде играчот за врска Марко Верати, кој ја санираше повредата на бутниот мускул.

Барселона утревечер од 21 часот ќе го пречека Пари Сен-Жермен во првиот дуел од осминафиналната пресметка во елитното фудбалско натпреварување.

Коронавирус