сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 47
home Фудбал

Ди-џеј Елмас и натаму забавува: Balare, cantare… (видео)

Ди-џеј Елмас и натаму забавува: Balare, cantare… (видео)

Елиф Елмас е задолжен за музичкиот избор и доброто расположение меѓу македонските репрезентативци во Букурешт. Асот на Наполи вчера тргна со „домашен репертоар“ и песни од Гоце Арнаудов, а денеска на неговата „плеј-листа“ се најдоа странски хитови.

Притоа, Елмас објави кратко видео од својот танц на песната „Balare, cantare…”, што повторно наиде на позитивни реакции во јавноста.

Дефинитивно, атмосферата во националниот тим во Букурешт е на највисоко ниво, останува само уште тоа да се претвори и во перфектно издание на теренот на неделниот дуел со Австрија.

ЕУРО 2020

Македонија