сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 17
home Фудбал

Детална анализа: Дали Буфон ова го заслужи?

Детална анализа: Дали Буфон ова го заслужи?

Сезоната 2017/18 е најавена како последна во која Џанлуиџи Буфон ќе ги закачи голманските ракавици, „преку ноќ“ се претвори во кошмар за легендарниот италијански голман.

Голманот кој некои би можеле да го паметат баш по деталите од кариерата кои му се случија претходнава година.

Зинедин Зидан сигурно го паметат по оној црвен картон и главата во градите на Матераци во финалето на Светското првенство во 2006 година, Роберто Баџо дефинитивно ќе паметат по онаа погодена пречка против Бразил на СП во 1994 година, Џерард по лизгањето кое Ливерпул го остави без толку чеканата титула, а Буфон… можеби по оваа негова последна сезона.

Во онаа која се заканува да му биде можеби и најлоша во кариерата. Полоша од онаа кога Јувентус беше исфрлен во Серија Б.

Големиот Џиџи во неа влезе одредена доза на горчина, зошто во мај остана без титулата во Лигата на шампионите. Единствена која му недостасува…

Голем удар доживеа во средината на ноември кога со репрезентацијата на Италија изгуби од Шведска во рамките на баражот за Светското првенство и остана без шанса на Мундијалот да се збогува со синиот дрес.

Горчлив шлаг ја уште погорката торта беше и тој црвен картон кој го доби против Реал Мадрид во 93 минута. Премногу се бунеше на одлуката на Мајкл Оливер да досуди пенал за домашниот тим, дури и го допре, а на Англичанецот тоа му беше доволно да го испрати во  соблекувална.

Па зарем по тоа идните генерации да го паметат? Зар тоа големиот Џиџи го заслужи на крајот на кариерата? Заслужи ли за една година два пати на суров начин да остане без ЛШ и Мундијал? Можеби и на крајот на сезоната да остане и без титула во Серија А?

-Нема да ми биде лесно, говореа во ноември 1995 година кога Буфон беше најавен дека ќе дебитира за Парма против моќниот Милан.

-Ниту на овој меч, ниту во текот на кариерата.

Секако не му беше лесно да ги задржи ударите на Жорж Веа, Роберто Баџо, Марко Симоне, Дејан Савичевиќ и други. Но, тој успеа! Го одбрани голот и мечот заврши без победник 0:0.

Не му беше лесно ниту после тоа. Кариерата му беше исполнета со многу одбрани и трофеи, но и со разочарувањата кои ги трпеше.

Посебно во 2003 година кога со Јувентус на пенали изгуби во финалето од Лигата на шампионите од Милан. Падна во депресија, која се одрази и во дресот на торинскиот великан, но и во репрезентативниот дрес.

Излезе како голем победник во 2006 година кога со Италија стана светски првак, за потоа да следат години на доминација со Јувентус кој се врати од Серија Б. Секако со Буфон на голот. Одби да го напушти „бродот кој тоне“ и стана бесмртен.

Со капитенската трака на раката од сезоната 2011/12 стана „вечен шампион“ со Јувентус. Освои три купа, а дури две години по ред беше прогласен за најдобар европски голман.

Неговите човечки особини исто така повеќе пати се истакнувани во прв план. Нема сите да ги набројуваме, но сетете се како го критикуваше свирењето на химната на Шведска во Милано. Потоа плати приватен авион за сите играчи на Јувентус на време да стигнат на погребот на Астори…

Но…

Неодамна во интервју за германски Шпигел кажа дека нешто што донекаде би можело да биде одговор за се што му се случува.

-Кој прави грешки, мора за нив еднаш да плати, изјави Буфон и одма нас не врати во 2000 година.

Буфон се најде во центар на скандалот со фалсификување на дипломи и малку фалеше да заврши во затвор. Пред него беше казна од четири години, но тој некако успеа да се извлече и само парично да плати.

Да се потсетиме, во Парма фалсификуваше диплома за средно школо за диплома од правен факултет. Призна во 2001 година дека тоа му е најголема грешка и малку фалеше да не оди на СП во Јапонија и Јужна Кореја.

Во средината на мај 2006 година Буфон беше повикан пред јавен обвинител, затоа што беше обвинет за местење натпревари и илегално обложување  на мечеви од Серија А.

Легално за фудбалерите е укинато баш во 2005 година, поради Буфон и неговото признание дека повремено се обложува.

И тука висеше за СП во Германија, но не многу долго после освојувањето на титулата на Мундијалот е ослободен од  обвинението. Тогаш зборуваа дека му прогледале низ прсти затоа што во продолженијата од полуфиналето против Германија маестрално одбрани шут на Подолски, после што Италија влезе во финалето.

Јавноста го осуди, може и единствен пат кога во 2014 ја остави Алена Середова, мајката на неговите деца, а отиде по фаталната Италијанка Иларија Ди Амико.

Спортската коментаторка го раздвои од сопругата, а кружеа приказни дека тие двајца се „незаситни како зајаци“. Во весниците тогаш се појавуваа изјави од незадоволни соседи, пред се поради гласниот секс кој го имале.

Буфон и со Иларија доби син, направија веридба, но некако му остана дамка дека ја издал сопругата. Кружеа приказни дека Алена ја изневерувал со Иларија.

Тука се навраќаме на оваа негова изјава „кој прави грешки, мора еднаш да ги плати“, но со интересен коментар од италијански портал- „Успешен човек ќе научи од своите грешки и ќе проба повторно на друг начин“.

Ние само се прашуваме дали Буфон ќе одлучи да проба повторно, уште еднаш, на некој друг начин…? Последната сезона да не му остане запаметена по оној црвен картон во Мадрид и односот кон Оливер.

Сепак најголемиот голман на сите времиња, Џиџи Буфон, тоа не го заслужи….

Коронавирус