петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Фудбал

Детали за злосторството: Робињо се смеел додека ја силувал младата Албанка

Детали за злосторството: Робињо се смеел додека ја силувал младата Албанка

Славниот бразилски фудбалер, 34-годишниот Робињо, неправосилно е осуден на 9 години затвор поради брутално групно силување на 22-годишна девојка од Албанија.

–Робињо покажал апсолутен презир кон жртвата додека ја изложувал на понижувања и тешко сексуално насилство, се наведува во пресудата.

Образложението на пресудата за злосторството во кое покрај Робињо учествувале уште пет силувачи, го објавила италијанската новинска агенција “ANASA”. Во него се откриваат низа грозни детали за кои на по девет години биле осудени Робињо и Рикардо Галко, додека идентитетот на преостанатите четворица не е познат.

Инцидентот се случил во еден ноќен клуб во Милано, на 22. февруари 2013. година. Судот во Милано во ноември минатата година му одредил казна на Робињо поради “сексуален напад и групно силување”. Според пресудата, Робињо покажал целосен презир кон младата жена. Ја понижувал и вршел тешко сексуално насилство. Бразилецот во текот на инцидентот гласно се смеел и така дополнително покажал целосна негрижа за состојбата во која се наоѓа жртвата.

Коронавирус