вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 54
home Фудбал

Дешан разочаран од ремито со Украина

Дешан разочаран од ремито со Украина

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, по ремито со Украина (1:1) на стартот во квалификацискиот за Мундијалот 2022 година, призна дека е разочаран од резултатот.

-Требаше да ја обезбедиме победата уште во првото полувреме имајќи предвид колку шанси создадовме. Во второто полувреме стана потешко. Примениот гол можеше да се избегне. Како и да е, се боревме до крај. Секако, сега сме разочарани, изјави Дешан.

И другиот натпревар од 1. коло во Д-групата заврши нерешено: Босна и Херцеговина – Финска 2:2.

Слободен на стартот беше Казахстан.

ЕУРО 2020

Македонија