петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 57
home Фудбал

Дешан: Беше многу важно да се победи Исланд

Дешан: Беше многу важно да се победи Исланд

Францускиот селектор Дидие Дешан по победата на гостувањето над Исланд (1-0) во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 изјави декаова било многу важна победа за „петлите“ во борбата за пласман на завршницата на континенталното натпреварување.

Актуелните светски шампиони се рангираат на второто место во групата „Х“ со 18 бода, исто колку и лидерот Турција.

– За нас беше многу важно да победиме на овој натпревар. Беше тежок натпревар, иако имавме шанса да постигнеме и втор гол. Исланѓаните се секогаш опасни во статични ситуации. Ова е добра победа пред следниот натпревар, рече Дешан.

Францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте се повреди на загревањето пред натпреварот. Ова не е прва повреда за халфот на Челзи оваа сезона, откако тој играше само на четири од осумте натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

Наместо Канте, на теренот се најде Муса Сисоко.