понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 5
home Фудбал

Дешамп шокираше: Објавен конечниот список за Светското првенство- четири големи ѕвезди остануваат дома

Дешамп шокираше: Објавен конечниот список за Светското првенство- четири големи ѕвезди остануваат дома

Изненадувачки сигурно, а за многу и со доста шокови е списокот на францускиот селектор, Дидие Дешамп, на него фалат четири ѕвезди, но како и да е тимот изгледа моќно.

Дешамп одлучи во Русија да замине без ѕвездите од Премиер лигата, Александре Лаказет и Антони Марсијал, место на списокот немаше ниту за најдобриот фудбалер на Марсеј, Димитри Паје, како и за еден од најдобрите играчи на ПСЖ оваа сезона Адриен Рабио.

Во одбраната на репрезентацијата поради повреда ќе фали Лорен Кошиелни од Арсенал, а главни ѕвезди таму се дефанзивците на Барселона и Реал Мадрид, Умтити и Варан.

Во средината исто така Франција има одлични играчи, а оние од кои најмногу ќе се очекува сигурно се Канте и Погба.

Нападот изгледа и повеќе од страшно, таму главни ѕвезди ќе бидат Гризман и Мбапе.

Голмани: Хуго Лори, Алфонс Ареола, Стив Манданда.

Одбрана: Лукас Хернандез, Преснел Кимпембе, Бенџамин Менди, Бенџамин Павар, Адил Рами, Џибрил Сидибе, Самуел Умтити, Рафаел Варан

Средина: Н’Голо Канте, Блес Матуиди, Стивен Н’Зонзи, Пол Погба, Корентин Толисо

Напад: Осман Дембеле, Набил Фекир, Оливие Жиру, Антоан Гризман, Томас Лемар, Килијан Мбапе, Флорин Товин.