четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 50
home Фудбал

Дерби Каунти е пред згаснување

Дерби Каунти е пред згаснување

Англискиот фудбалски тим Дерби Каунти се наоѓа во огромни проблеми, кои доколку не ги реши, клубот ќе престане да работи по цели 137 години.

Еден од најстарите тимови во Англија, во моментов се наоѓа во Чемпионшип лигата, и е казнет од страна на ФА со 100 илјади фунти поради лошо водење на сметките од 2016 до 2018 година. А сега поради тоа, им се заканува одземање на 12 бодови, и ако не се средат работите наввремено, тимот ќе мора да оди под стечај.

Актуелен тренер на Дерби Каунти е Вејн Руни, а во моментов екипата се наоѓа на 16. место во Чемпионшип лигата со седум освоени бодови од исто толку средби.

Газдата на Дерби, Мел Морис од 2019 година се обидува да го продаде клубот, и покрај тоа што имааше заинтересирани страни, до договор не дојде.

Локални избори 2021