вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Депај за непопуларниот прекар: Не се грижам што ме викаат така…

Депај за непопуларниот прекар: Не се грижам што ме викаат така…

Мемфис Депај еднаш во кариерата имаше сериозен испит во Манчестер Јунајтед, но откако истиот не помина баш најдобро поради неискуството и возраста, сега се верува дека е во најзрели години за да го покаже сиот свој квалитет на највисоката сцена.

Доскорешниот напаѓач на Лион потпиша двегодишен договор со Барселона по барање на Роналд Куман и се очекува да добива многу шанси во нападот, но во едно од своите први интервјуа кои ги даде за официјалната телевизија на Барселона, проговори и за својот прекар кој не е баш популарен.

Депај често знае да биде прогласен како „бунтовник“ на теренот поради препирките со противниците и конфликтите со судиите, нешто што според него е позитивна особина во елитниот фудбал.

– Навистина не се грижам што ме нарекуваат бунтовник. Всушност, јас гледам на тоа на позитивен начин на теренот. Ќе ви дадам еден прост пример. Дали Луис Суарез ќе го освоеше сето она што го освои ако беше најдоброто и најмирното момче? Не знам зошто бунтовник добива негативни конотации.

– За мене е благослов што сум тука, ќе дадам се од себе за да успеа, па ако треба и ќе бунтувам. Приемот од сите е одличен, уживав во оваа прва недела во Барселона, – открива Депај.

Коронавирус