четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Денес стартува 22.коло од ПМФЛ

Денес стартува 22.коло од ПМФЛ

Македонија Ѓорче Петров и Силекс денеска од 14 часот во Скопје ќе го играат премиерниот меч од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Лавовите кои се домаќини и се фаворити и дуелот со Силекс го чекаат со негативна серија од пет меча на кои не победија.

Со низата неуспеси си го загрозија третото место, а се далеку од битката за титулата со 11 бода помалку од Шкендија и пет од Шкупи.

Силекс е во уште полоша форма, со 7 натпревари без победа. Утре од 14 часот се играат преостанатите пет натпревари од 22. коло во ПМФЛ.

Денеска, 14 часот: Македонија Ѓ.П. – Силекс.

Утре, 14 часот: Шкендија – Ренова, Вардар – Струга Трим Лум, Шкупи – Работнички, Пелистер – Борец, Беласица – Академија Пандев.

Коронавирус