недела, 2. април 2023. Вести денес: 32
home Фудбал

Денес е голем јубилеј за Зидан 

Денес е голем јубилеј за Зидан 

Зинедин Зидан стана третиот тренер кој мина 200 натпревари на клупата на Реал Мадрид. Денешната средба од 28. коло од шпанската Ла Лига против Еибар е негов јубилеј.

На претходните 199 натпревари, под водство на Зидан, Реал Мадрид победи 131 пати, 42 пати ремизира.

Повеќе од Зидан, Реал го предводеа само Висенте дел Боске (246) и Мигел Муњоз (605).