недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Ден за збогување: Три фудбалски легенди денеска објавија дека одат во пензија (ФОТО+ВИДЕО)

Ден за збогување: Три фудбалски легенди денеска објавија дека одат во пензија (ФОТО+ВИДЕО)

Во еден три фудбалски легенди, три асови на светскиот фудбал објавија крај на кариерите.

Во Русија на тој чекор се одлучија легендарните браќа Березутски, а во Мексико уште полегендарниот Рафаел Маркез.

Алексеј и Василиј Березетуски 16 години минаа во ЦСКА Москва.

Да се биде 16 години во еден клуб, тоа е неверојатен период. Кога ги потпишувавме првите договори со ЦСКА имавме по 19 години и беше невозможно да замислиме дека нашиот пат ќе биде вака успешен, помеѓу останатото порачаа браќата Березутски.

Заедно за ЦСКА одиграа 1033 натпревари и 159 меча за репрезентацијата.

На другиот крај на планетата пак, 39 годишниот Маркез го одигра својот петти Мундијал и ги закачи копачките на клин.

Тој играше за голем број клубови, а најдолго остана во Барселона, каде настапуваше од 2003 до 2010 година.

За репрезентацијата на Мексико забележа 146 настапи, на кои постигна 19 голови.

Коронавирус