понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Дембеле се враќа на тренинзите со Барселона

Дембеле се враќа на тренинзите со Барселона

Играчот за врска на Барселона, Усман Дембеле се врати на целосен тренинг со тимот.

Можно е 23-годишниот Французин да биде вклучен во сотавот на каталонскиот тим за натпреварот од 15-то коло во Ла Лига со Ваљадолид закажан за 22 декември.

За потсетување, на почетокот на декември, Дембеле го повреди грбот.

Дембеле откако пред три години од Борусија Дортмунд, направи трансфер во Барселона, често пати е повреден и има пропуштено голем број натпревари. (МИА)

Локални избори 2021